Ирачкиот парламент донесе резолуција за трајно протерување на американските трупи од земјата, јави Би-Би-Си.
Одлуката е донесена како одговор на ликвидацијата на иранскиот генерал Касам Сулејмани во Багдад кој беше убиен со американски дрон.

Илјадници Ирачани се приклучија на погребната поворка за Сулејмани пред неговото тело да биде пренесено во Иран.
Парламентот во Багдад исто така повика да им се забрани на странски сили пристап до ирачка територија, воздушен простор или до вода од која било причина.
САД имаат околу 5.000 воени лица во Ирак, претежно советници.





