Паравоена организација која се нарекува Ирска републиканска армија – ИРА ја презеде одговорноста за испраќање на пакети во кои се наоѓале бомби на неколку адреси во Лондон,во Единбург и на Универзитетот во Глазгов, соопшти британската полиција.
Полицијата соопшти дека малите вреќи пронајдени во поштенски сандачиња имале вградени уреди кои веројатно можеле да предизвикаат мал пожар кога ќе се отворат.
Шкотската полиција подоцна објави дека се откриени сомнителни пакети на Универзитетот во Глазгов и во Кралската банка на Шкотска во Единбург.
Групата која се нарекува Ирска републиканска армија е составена од бунтовници кои се противат на мировниот договор од 1998 година со Северна Ирска.
Групата, која се залага за идеите на ирскиот републиканизам и се залага цела Ирска да биде независна република, е помала од таканаречената Привремена Ирска републиканска армија, која е одговорна за смртта на речиси една половина од 3.600 луѓе, колку што беа убиени во текот на 30 години од насилството во Северна Исрска.




