ВМРО-ДПМНЕ ќе победи ако сега има избори

Опозициската партија би освоила 348.000 гласа, СДСМ 210.000, ДУИ над 100.000 ако сега има избори, покажуваат резултатите од теренска анкета спроведена од ИПСОС за ВМРО-ДПМНЕ месецов.



Опозициската партија би имала поддршка од 19,4 проценти а СДСМ 11,7 %.

ДУИ 6,4 % односно 115.000 гласа, а Левица 6,7 % или 120.000 гласа.

Како што информираше партискиот лидер, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг за новинари нема расположение кај граѓаните за протести и излегување на улица.

Како главни проблеми граѓаните ја посочуваат економијата, а 66 проценти дека земјата оди во погрешна насока. Од институциите најлошо е оценето судството и Собранието.

Теренската анкета спроведена од ИПСОС по барање на ВМРО-ДПМНЕ опфатила 1027 испитаници, а истата е направена во периодот од 2 до 12 декември.

Опозициската партија очекува изборите да се одржат на 14 или 21 мај, а да се распишат во втората половина на јануари, со техничка влада од февруари…