Македонските инженери, кои сиот свој работен век го оставиле на терен, контра владината одлука која под концесија ја дава водата на Црна река за изградба на ХЕЦ „Чебрен“. Како што за Алфа изјавија дел од енергетските експерти, тие бараат владата веднаш да ја преиспита и повлече ваквата штетна одлука и да не склучува договори со странска компанија со која се откажува од државните води. Ама власта никако не сака да отстапи од тоа.

Од Владата велат дека со оваа одлука се овозможувала реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Македонија, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра.
Поради бројни недостатоци, Здружениоето на инженери на Македонија поднесе преставка за концесијата на хидроелектраната Чебрен. Преставката е испратена до Уставниот суд, Државното правобранителство, Антикорупциска, Заводот за ревизија, Јавното обвинителство и Бирото за јавни набавки. Инженерите очекуваат надлежните органи да постапат по преставката и да го стопираат процесот за потпишување на договорот за Чебрен, за кој како што велат, отворал простор за сомнителни зделки. Ние како држава може да изградиме ваков енергетски проект, вели за Алфа инжемерот Атанаско Туневски, се офајди грчкиот хидро систем.

Наспроти критиките и алармот од експерстаката јавност од Владата се оптимисти и тврдат дека направиле добра работа, за доброто на државата. Вицепремиерот за економски прашања, пак, не отстапува од Чебрен, и вели дека биле консултирани тие кои најмногу ја познавале проблематиката. Кога ќе се стави потпис за овој енергетски прокет не кажа, ама затоа се пофали дека Владата ќе им дала пари на сите општини за понормално да се развивале. Рокот за изградба е 7 години.





