Здружението инженери на Македонија, во врска со планот на Владата да го даде проектот Чебрен на грчката компанија Public power corporation S.A. – Greece & Archirodon group N.V. Greece се обратија до претседателот и врховен командант на вооружените сили на Македонија Стево Пендаровски од кој се бара да го заштити проектот „Чебрен“, јавува МКД.Мк.



„Како врховен командант на вооружените сили на Македонија и претседател на Советот за безбедност на Република Македонија сметаме дека треба да преземете соодветни мерки бидејќи со евентуалното давање на 70 годишно владеење на контролата на водотекот на Црна Река на странска држава, а фирмата ППЦ е грчка државна фирма идентично со нашата АД ЕСМ, се загрозува одбраната на државата согласно Стратегијата за одбрана на Републиката, Планот за одбрана на Републиката и Процената на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката – документи кои Вие ги донесувате.

Од Вас како претседател, бараме да постапите по оваа наша претставка и да ги преземање сите потребни дејства и мерки за да се спречи повредата на јавниот интерес и одбраната на Републиката“, се вели во претставката до Пендаровски.

Потписници на оваа претставка во име на Инженери на Република Македонија се инженерите Дениз Мустафаоглу, Илија Бендевски, Цвекто Милошески, Јордан Ставров, генерал потполковник Методија Величковски, професорите Константин Димитров, Ана Лазаревска, Дејан Трајковски, Атанаско Тунески, Вангел Фуштиќ.

Тие потсетуваат дека се обратиле со претставки и до Уставниот суд на Република  Македонија, до Државното правобранителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство на Република Македонија и до Министерство за финансии – Биро за јавни набавки…