Инвеститорот Фатмир Етеми ќе заработи речиси 8 милиони евра ако во општина Карпош односно во населбата Козле биде изгласан Деталниот урбанистички план на градоначалникот Стевче Јакимовски, тврди добро информираниот профил Демир на Твитер.
Според него ДУПот за Козле треба да се смени само за бизнисменот Фатмир Етеми кој предходно купил две парцели со површина која е за речиси 5000 квадрати помала од таа што треба да ја добие со промена на планот.
Само од зголемената површина со новиот ДУП кој го предлага Стевче Јакимовски Етеми ќе заработи фантастични 7,8 милиони евра.
Вкупниот приход според пазарните цени од сите објекти на Етеми е околу 18 милиони евра.
,,Што е градежна мафија ?
📍ДУПОТ за Козле од 2012 до сегашниот предлог 2023 е во целост ист, освен маркицата на ФАТМИР ЕТЕМИ која РИПНАЛА за +6⃣0⃣%
4900м2 х €1600 = €7,8M”, пишува Демир кој цитира член од највисокиот правен акт на Македонија според кој сите граѓани вклучително и инвеститори треба да се еднакви пред законите:
,,Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот (чл.55 од Уставот)”.
Што е градежна мафија ?
📍ДУПОТ за Козле од 2012 до сегашниот предлог 2023 е во целост ист, освен маркицата на ФАТМИР ЕТЕМИ која РИПНАЛА за +6⃣0⃣%
4900м2 х €1600 = €7,8M
–
Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот (чл.55 од Уставот) pic.twitter.com/frtHr4a5Px— Демир (@Trollowsky) July 7, 2023






