Најмалку 2.000 навивачи кои ќе ја бодрат реперезентацијата на Полска во меч против Македонија,вечерва ќе бидат на трибините на а Националната арена “Тоќе Проески“.
Последни два дена Скопје е под вистинска инвазија од полските фанови кои не ја испуштија можноста да прошетаат низ градот и да направат по некоја фотографија…
Сепак, забележани се и неколку инциденти од малку „порасположени“ алкохолизирани навивачи кои прават проблеми во кафулиња а некои дури и имаа блиска средба со полицијата.
Извор: Sportmedia





