Поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел, кому денеска затворскиот менаџмент не му дозволил да влезе во КПУ Скопје, откако побарал дозвола за посета на ќелијата на бизнисменот Јордан Камчев, сепак успеал во својата намера, дознава Плусинфо.
Непријатно изненаден од затворските власти, Фигел зборувал со министерот за правда Бојан Маричиќ, а потоа и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска е во Скопје. Дури по телефонскиот разговор со Вархеји, дипломатот Фигел добил дозвола да го посети Камчев,објави Плусинфо.
– Има надеж дека конечно судот и затворските власти ќе застанат на страната на законот и на правдата – изјавил претставник на одбраната на Камчев за порталот, кусо по настанот.
Како се случило поранешниот еврокомесар да биде одбиен да влезе во затворот во Шуто Оризари, да се сретне со притвореникот Камчев и да ги види контроверзните ќелии за кои се зборува долго време?
Во “Шутка” понижен екс еврокомесар додека судија и директор играле “Пинг Понг” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)





