Интерпол одби да ја исклучи Русија

Интерпол најави дека со оглед на апелите Русија да биде исклучена од таа организација, ќе ја промени процедурата за примање руски барања, но ќе остави отворени канали за комуникација.



„На политичко ниво имаше повици Русија да биде суспендирана или исклучена од мрежата на Интерпол.

Во исто време, лидерите на органите за спроведување на законот од целиот свет, исто така, повикаа на продолжување на соработката со Русија преку Интерпол, истакнувајќи сериозни безбедносни проблеми во случај на исклучување и размена на информации“, се вели во соопштението.