Интерпелација за Никола Димитров

Во Собранието денес ќе се расправа за интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.



Причина за интерпелацијата, како што се наведува во образложувањето е  „несовесното работење со потценување на народот преку изјавата дадена во Собранието со која ја навреди македонската нација, нарекувајќи ја ‘нација со комплекс’“.

“Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат“, рече Димитров од собраниска говорница.

Пратениците бараат морална, политичка и професионална одговорност од министерот Димитров.