Деновиве се одвива интензива дипломатска комуникација меѓу македонската влада и земји пријатели кои треба да го откочат процесот на преговори за името, информираат доброупатени извори во спорот за името.
Откако македонската експертска група во петокот се врати во Скопје а во прекин е и комуникацијата меѓу Башановиќ и Калпадакис, советниците на Заев и Ципрас кои воделе паралелни разговори на тие меѓу Димитров и Коѕиас, преговорите влегуваат во критична фаза.
Покрај политичкиот притисок Скопје и Атина имаат притисок и од техничките тимови кои го подготвуваат самитот на ЕУ закажан за крајот на месецот во Брисел кои бараат конкретни извештаи за статусот на преговорите.
Дополнителен проблем е што грчкиот министер Коѕиас не одбива комуникација со неговиот македонски колега но вели дека сега топката е во дворот на Скопје кој се согласил на договор и сега единствени што можат да донесат напредок се премиерите Ципрас и Заев.
Вчера преку неколку канали официјална Атина и порача на владата во Скопје дека без прифаќање на сите детали предходно одобрени од Димитров и медијаторот Нимиц, Ципрас нема да го крене ветото за ЕУ и НАТО.
За наредниве денови, брифираат домашни и западни извори, се планираат и неколку средби на високо ниво на македонски дипломати и западни сојузници на кои ќе се прави обид да продолжи процесот пред самитот на ЕУ и самитот на НАТО.





