Само еден ден пред гласањето (не)доверба на Владата на Зоран Заев, Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана излезе со „истражување“ со спектакуларен наслов „Албанците ја предаваат државата во руски раце?“!
„Пред очите на македонската и меѓународната јавност се одвива завршната фаза од тајната разузнавачка операција „Коњички скок“, која има крајна цел враќање на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) во Северна Македонија и соборување на актуелната власт“, оценува институтот.
„Аналитичарите сметаат дека изненадувачки е фактот што некои Албанци се во функција на остварување на руските интереси. Задкулисните настани на македонската политичка сцена покажуваат дека дел од Албанците се уште тесно соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ и со Никола Груевски. Соработката на македонските Албанци со Русите не е запишана во современата историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа пред сè со САД. Дефинитивно, некои Албанци ќе застанат на страната на Русија со своите погрешни политички потези и ќе ѝ ја предадат Република Северна Македонија на Русија, со што ќе ја изневерат довербата на албанските гласачи“, се заклучува во написот на ИФИМЕС, за кој Владата на Заев во март годинава потврди дека го ангажирала, но „само“ до пред две години.
„ИФИМЕС беше ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на доверба на регионално и глобално ниво, но нивниот договор со Владата на Република Северна Македонија заврши во 2019 година“, соопштија тогаш од „Илинденска б.б.“.
Според „Призма“, договорот бил потпишан на 14 јули 2017 година, а Владата му плаќала на институтот на Зијад Беќировиќ по 1.000 евра месечно.
ИФИМЕС го привлече вниманието и кога пред четири години им додели признанија на поранешното СЈО за „најдобро обвинителство на Балканот“ и на неговата шефица Катица Јанева за „најдобар главен обвинител на Балканот“.
Најнова вест Министерот може веднаш да го открие заианувачот ако сакаСпасовски на потег: Нова закана на сексуална основа врз Данела Арсовска од “бот” на СДСМ





