„Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија“, се вели во соопштението по синоќешната седница.
Оваа одлука се препорачува и до институциите кои не се под нејзина надлежност, односно до институциите на локалната самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата.
Владата вели дека овие мерки се со цел да се помогне снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи.







