Инсталирањето фотоволтаици на домаќинствата ќе ги намали сметките, но не се знае дали ќе биде фер цената на струјата што ќе се разменува со ЕВН, велат експерти

Од почетокот на јули граѓаните можат непречено да поставуваат фотоволтаици за производство на електрична енергија на своите покриви со моќност од 6 киловати. Универзалниот снабдувач „ЕВН Хоме“ ќе треба да им го откупи
вишокот струја на граѓаните или да се пребијат во месечната сметка ако трошат повеќе од произведената енергија. Ова е предвидено во Правилникот за обновливи извори на енергија што го изработи Министерството за економија. Овој документ или водич за инсталирање на фотоволтаици не дава одговор дали тие се исплатлива инвестиција на краток
или на долг рок, како и дали имаат доволно капацитет да ја заменат целосно потрушовачката ан струја од ЕВН за време на грејната сезона.



Линк до целиот текст.