Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски испрати писмо до  премиерот Зоран Заев и до, како го нарекува „вториот премиер“,Али Ахмети, во врска со со сознанијата дека владини функционери незаконски се стекнале со наставно-научни звања на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, додека им мирувало работното место на Универзитетот.



Илиевски поднел претставка до Антикорупциска на 13 мај оваа година, а оттаму изјавија дека случајот е обемен и дека ќе се отвори постапка за натамошно истражување по овој предмет.

Во отвореното писмо, што го објавува порталот „Факултети.мк Илиевски вели:

„Верувам дека лично сте запознаени, господине премиер Зоран Заев (бев примен од вашиот шеф на кабинет каде што е предадена целокупната документација и за тоа сум благодарен), а вториот „премиер“ Али Ахмети сигурно го запознале неговите блиски советници или е запознат од неговиот внук д-р Бујар Амети, доцент на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, или преку пишаните и електронски медиуми и портали за скандалот, за унапредувања во наставно-научни звања на високи јавни владини функционери чии работни места им биле во мирување додека извршувале јавни, односно државни функции, како што се актуелниот министер за образование и наука м-р Арбер Адеми од асистент во наставно-научно звање доцент, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу од доцент во вонреден професор и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, унапреден од асистент во доцент и вонреден професор“ се вели во писмото. 

Целиот текст од писмото на следниот ЛИНК