Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски ќе покрене постапка пред
Државната антикорупциска комисија и другите органи
против Дисциплинската комисија која во петокот реши да го казни поради обелоденувањето
во јавноста на скандалот на тетовскиот универзитет каде незаконски се делеле
научни звања и унапредувања на вработени чиј став им мирувал додека тие
извршувале политички функции.Илиевски.
Инспекторот го чека и решението односно предлог за дисциплинската мерка која во
петокот ја донесе дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат
(ДПИ). Директорот Томе Спировски треба да одлучи дали и како ќе го казни
Илиевски.
Тие одлуката ја донесоа по речиси четиричасовна расправа на која не
присуствуваа новинарите бидејќи не им беше дозволено.
Во меѓувре,е Илиевски не запира: Тој денеска поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд, против Државниот универзитет во Тетово и ректорот Вулнет Амети, дознава „Факултети.мк“.
Тој претходно утври дека тројца државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим, Нуиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, незаконски напредувале во наставно-научни звања.






