Инспекторка три дена злоупотребувана од СДСМ во пресметката со Димитриевски (ВИДЕО)

Инспекторка која не го познава законот или свесно го крши цели три дена е злоупотребувана од политички структури кои според Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по налог на МВР вршат притисок врз општината.



Од видеото, кое пристигнало до редакцијата на Плусинфо , може да се слушне разговор на градоначалникот Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа.

Секторот за внатрешни работи Куманово веќе трет ден по ред врши притисок врз работата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски со стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и кои се влезени во годишната програма, брифираат од општината.

Од видеото, кое пристигна до Плусинфо, може да се слушне разговор на градоначалникот Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа.

Градоначалникот Димитриевски во видеото ѝ вели на инспекторката дека не е овластена да бара документација на работниците.

– Дали знаете чија надлежност е кога се извршуваат градежни работи, кој врши увид во градежни работи? Вие немате право од изведувач да барате техничка и друга документација. Тоа е исклучиво под надлежност на градежна инспекција. Ова го правите вие од МВР континуирано, на секоја градежна активност. МВР нема право да ги спречува градежните активности на Општина Куманово, што се утврдени со годишен план за работа – ѝ вели Димитриевски на инспекторката.

Како што брифираат од Општина Куманово, ова не е прв случај Министерството за внатрешни работи да биде злоупотребено од страна на министерот Оливер Спасовски за политичка пресметка со градоначалникот Максим Димитриевски.

Во продолжение погледнете го видеото: