Инспекторите во одбрана на директорот Пауновски

Вработени во Државниот пазарен инспекторат, како и инспектори, се во шок по изјавата на премиерот и итно бараат средба со Зоран Заев. 



Бараат од премиерот да ја преиспита неговата најава за смена на Пауновски.

Тие се револтирани од ваквите најави, а според некои информации, дел од вработените во ДПИ од регионалните одделенија на Инспекторатот, веќе се тргнати кон Скопје, со цел да го искажат својот револт и несогласување со ваквата најава, дознава Фактор.