Инспекторите не реагираат на „дивоградбата“ на Шилегов, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Инспекторите на граѓаните им рушат и огради кога се на диво, а за Шилегов не преземаат ништо иако крена цел кат од зграда пред нивни очи, вели опозицијата.



„Инспекторатите треба да постапуваат и по допрен глас и тоа го прават кога станува збор за обичен граѓанин, но не и кога тој што гради без дозвола се вика Петре Шилегов и е градоначалник на Скопје во заминување.

Општина Карпош на чело со Стефан Богоев и инспекторатите под него се соизвршители во криминалот на Шилегов. Институциите наместо да излезат на терен и да го срушат катот дивоградба на зградата на Шилегов тие се впуштија во негово прикривање и помагање.

Шилегов го има земјиштето под зградата на негово име неколку дена откако пукна аферата за дивоградбата, поголем доказ дека градел на диво нема.

Дивоградбата на Шилегов треба да се сруши, а институциите да утврдат како и од кои пари Шилегов градел, дали има фактури за платени услуги за градба и од каде се парите, дали тие пари се пријавени во анкетниот лист на Шилегов или станува збор за средства кои не ги пријавил?! се евли во соопштението од партијата од каде велата дека одговорност мора да има.