Инспектор утврдил кршење на закон, обвинителство и суд цели 25 дена мижат за ,,марихуана криминал” вреден 15 милиони евра

Инспектор утврдил кршење на закон, онвинителството и судот цели 25 дена не гледаат ,,марихуана криминал” вреден 15 милиони евра.



Вчера expres.mk објави дека од фабрика за марихуана во струмичкиот регион исчезнале 2 тони цвет од марихуана.

Според информацијата од добро упатени извори во судот во Струмица во магацините каде се чувале вкупно 8 тони марихуана сега нема речиси два тони медицинска марихуана која на пазарот на големо вреди најмалку 6 милиони евра.

Според записникот од кој се гледа дека во фабриката недостасува огромна количина марихуана инспектор на МВР утврдил прекршување на законот при чување на дрогата што е доволна причина за итна реакција на обвинителството и судот но реакција заега нема.

Судот и обвинителството најверојатно под политички притисок на моќни луѓе од Струмица одбиваат да направат обезбедување на докази и да поднесат кривична пријава иако е јасно кој можел да ја украде марихуаната вредна милиони.

Ако марихуаната е продадена на ситно за крајно корисници уживатели на оваа тревка цената на исчезнатата стока е над 15 милиони евра.

Во меѓувреме групата која најверојатно незаконски тргувала со марихуаната а која е дел од една фракција на владеачка партија се обидува да издејствува палење на марихуаната за да се уништат доказите за криминалот вреден милиони евра.

Сите детали во овој текст

Во струмичко исчезна 6 (15) милиони евра вредна марихуана – доказите во опасност, МВР, обвинителството и судот на потег