Инспектор од финансиска полиција мести изборен материјал (ФОТО)

Жители на општина Шуто Оризари информираат дека во овој дел од Скопје инспектор на финансиската полиција поставувал политички изборен материјал на улиците на општината.



Според законот сите полициски припадници не смеат да бидат политички активни и да имаат позиции во политички партии.

За прекршувањето на законот потврдува и фотографијата со инспекторот на која тој носи билборди од градоначалникот на Шутка Курто Дудуш која се појави на Твитер.

МВР, Антикорупциската комисија и ДИК молчат за инцидентот.

Предходно шефот на Финансиската полиција инаку кадар на СДСМ Арафат Муареми беше фатен како се заканува дека ќе испрати инспекција на актуњлниот градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ за да изврши притисок и неговата партија да победи на изборите.

Нечовечка закана за инспекции од функционерот на СДСМ Муареми (ВИДЕО)