Инспекцијата затвори уште 10 маркети кои си терале по свое и не ги продавале проиводите по ограничени цени

Клуч на врата на уште десетина маркети во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Струга, Кавадарци и Кичево. Државниот пазарен инспекторат ги затвори продавниците поради што трговците не ги намалиле цените на добар дел од производите. Станува збор за прехранбените производи и пијалаците на кои има залепено црвен знак на кој пишува „гарантирана цена“. Казнувани се синџирите на маркети, но посебно маалските продавници кои мерката речиси воопшто не се почитува. Тој апелира до сите нерегистрирани трговци, да се регистрираат најдоцна до 15 октомври зашто потоа, најави, ќе следуваат засилени контроли.



  • Изминатите 10 дена се уверивме дека секој што не ја почитува владината мерка ќе биде казнет, а секој што ќе применува нечесни трговски практики ќе биде затворен и тука нема да има компромис за никого. Така ќе биде и во иднина, нема да има компромис и ќе биде казнет секој што нема да ги почитува мерките и одлуките на Владата, а оној што ќе го повтори прекршокот ќе биде затворен на подолг временски период, подвлече директорот.

Целта на ДПИ, повтори Трајковски, не е компаниите да бидат затворени, туку да се почитуваат одлуките. 

И додека добар дел од маркетите си тераат по свое, Стопанската комора бара преиспитување на мерката за замрзнување на цените на пијалоците. Од таму испратија писмо до министерот за економија во кое алармираат дека мерката е на дирекна штета и на производителите и на трговците. Од Инспекцијата велат дека сите ќе бидат сослушани и ќе се постапи соодветно.

Согласно измените на Законот за ДДВ, луксузните прехранбени производи кои не се вклучени во исхраната и ретко се консумираат ќе се оданочуваат со 10%. Оние кои јадат месо од елен, риба лосос, кавијар, јагули, сино сирење, ленено семе, палмино и кокосово масло, тропско овошје, ќе треба да платат поскапо.