Во Министерството за правда прво ќе се разгледува предлог-иницијативата за уставните измени, со која Бугарите и други народи ќе треба да се внесат во Преамбулата од Уставот.
Ова во изјава за МИА го соопштиле од Министерството, посочувајќи дека Предлог-иницијативата се проверува од технички аспект, по што ќе биде дадена на превод на албански јазик.
Откако конечно ќе биде подготвена, таа ќе биде испратена во Владата.
Владините претставници, пак, потоа на седница ќе треба да ја разгледаат и усвојат, по што Предлог-иницијативата ќе биде доставена до Собранието.
Работната група за уставните измени на 26 мај ја усвои Предлог-иницијативата за уставните измени, според која, освен бугарскиот, во Преамбулата на македонскиот Устав треба да влезат и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.






