Иницијатива за референдум за промена на името на Зоран Заев (ТВИТ НА ДЕНОТ)

На социјалните мрежи се појави иронична иницијатива за промена на името на екс лидерот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев.



Иницијативата се поднесува до спикерот на Собранието Талат Џафери.

Според текстот на иницијативата референдумот се прави по промените на имињата на некои улици во Скопје и по неуспешниот референдум за промена на името Македонија.

Според предлогот граѓаните би гласале дали Заев треба да се нарекува Северџан а гласањето би се случило во Април.

Според македонските закони нема законска можност нечие лично име да биде променето на референдум.