Иницијатива до Собранието за разрешување на Јовески ќе поднесе албанската опозиција, поради „скандалозната и коруптивна (не)правда“

„Иницијатива за разрешување на републичкиот главен обвинител Љубомир Јовески, поттикната од последните случувања во врска со палењето на модуларната ковид-болница во Тетово, ќе поднесат Демократското движење, Алтернатива и Движењето Беса.“ – извести ТВ 21 со назнака „неофицијално“ за својата информација.

ТВ 21 пишува: Лидерите на трите партии од „опозицискиот блок“ – Изет Меџити на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движењето Беса – ќе и се обратат на јавноста денес со почеток во 11 часот во Скопје спроти Собранието на Македонија во врска со поднесувањето на оваа иницијатива за разрешување на Јовески.

Инаку, лидерот на Беса Билал Касами истакна поодделно преку прес-конференција вчера, како и преку својот фејсбук-профил: Ги прашуваме јавно обвинителите од овој случај на чело со поранешниот прв обвинител Јовески и неговата наследничка Јосифовска зошто ниеднаш во текот на судењата за овој случај не ги зедоа како основа извештаите и констатациите од германскиот тим за форензика, а исто така и од електротехничкиот инженер, кои јасно ги посочија во своите извештаи главните и вистински виновници за трагедијата во тетовската ковид – болница: дека е тоа компанијата на поранешниот вицепремиер Анѓушев, поради работата изврешена несоодветно, имајќи ги предвид тендерските спецификации на предметната ковид-болница! Бараме итна одговорност од Јавното обвинителство!

Осудете ги главните виновници за овој случај, според неутралните и професионални извештаи и констатации: порачувач на оваа модуларна болница е Владата, односно Министерството за здравство на чело со тогашниот министер Венко Филипче и градителот со проектот компанијата на поранешниот вицепремиер Анѓушев.

Мртвите 14 лица во оваа модуларна болница беа убиени трипати, поради неправдите, поради коруптивната политичка правда, која ги казни оние што беа најмалку одговорни за трагедијата, како и поради скандалозните одлуки на овој систем, кој никогаш не донесе самиот правда!