„Информер“: Во Скопје се ковал план за уривање на Вучиќ!?

Српски „Информер“ близок на Александар Вучиќ, донесува „сторија“ за наводниот заговор за уривање на српскиот претседател скован во –Скопје.



„Лидерот на сојуз на Србија, Драган Ѓилас, на 8-ми февруари во Скопје, тајно се состанал со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, неговиот советник Зоран Башановиќ и американскиот дипломат Ерик Барнс, со кого се согласиле за деталите од планот за соборување на владата во Србија, пишува „Информер“.

На средбата „во една од скопските резиденции на Заев“,  присутните ја разгледувале детално развиената стратегија што требало да доведе до паѓањер на Вучиќ и бил усвоен план од пет точки, кои, во наредните шест месеци требало да доведе до општ хаос во Белград и Србија.

До овие прецизни информации од тајниот состанок, наводно, дошле бугарските разузнавачи, и власта во Софија извештајот од состанокот минатата недела го проследила до Белград.

Според „Информер“ тројцата на средбата се согласиле на опозицијата во Србија следниот месец или два, да ѝ е префрлат 4,2 милиони евра финансиска поддршка за зајакнување на протестите и тоа преку фирмата “Дајнерс клуб интернешенел”.

На состанокот, исто така, било кажано дека американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот, јавно ќе го поддржи Ѓилас и неговите протести, и дека САД очекуваат тајкунот по доаѓањето на власт да ја признае самопрогласената Република Косово и да спроведе забрзани постапки за воведување на Србија во НАТО.

„Зоран Заев, за време на средбата ги истакнал своите пријателски контакти со Рамуш Харадинај, стакнувајќи дека и Харадинај е подготвен да го финансира падот на Вучиќ и промена на режимот во Белград, доколку опозицијата кога ќе дојде на власт го признае Косово без било какви условувања“, пишува Информер.

Понатаму, во написот на „Информер“ се констатира дека Американците се свесни дека Вучиќ не може да се отстрани со законски средства, односно избори, а тие вложуваат во насилни операции што можат да предизвикаат сериозни конфликти во Србија.

„Тие го уценуваат Заев да учествува, бидејќи дојде на власт со албанското лоби во Македонија. Од друга страна, Харадинај сака да инвестира во проектот “Ѓилас”, бидејќи ќе ја заврши независноста на лажната држава што е можно побрзо“.

Според „Информер“ Америка „очигледно ги држи парите за рушење на Вучиќ во Македонија“, а српските опозициски лидери од време на време патуваат во Скопје по “финансиска инјекција!