Нов скандал околу пописот: Во Струга има 14 илјади Македонци, а на 22 илјади граѓани мајчин јазик им е македонскиот – резултатите се пресликуваат на ниво на цела МАКЕДОНИЈА, објавува порталот Инфомакс.
Откако беа комплетно промашени податоците за атеистите и преку ноќ од 300-тини пораснаа на 8 илјади атеисти и имаше 8 илјади повеќе деца на школска возраст од оние кои се запишани во прво одделение, големи несогласувања во бројките се детектирани во Струга, пишува порталот кој прашува како е можно според пописот во Струга да има само 14 илјади Македонци, а на над 22 илјади граѓани, мајчин јазик да им е македонскиот,
Според порталот ова отвора сомнеж за сериозна манипулација при попишувањето на населението во Струга.
Според пописните резултати во Струга живеат 14.900 Македонци и 25.785 Албанци.
Според истите статистички резултати на Статистика, на 22.090 стружани мајчин јазик им е македонскиот, а на 23.898 мајчин јазик им е албанскиот.
Повеќе на овој линк






