Инфомакс: Нова акција на американската антинарко агенција ДЕА во Македонија

Пратка од неколку стотици килограми наркотици во петокот била пресретната движејќи се од аеродромот Петровец кон конечната дестинација, дознава Инфомакс, од сопствени извори.



Според информациите, се работи за пратка од неколку стотици килограми синтетичка дрога која била спакувана во кутии од делови за мобилни телефони. Нарачката на деловите за мобилни телефони била направена од една позната скопска мобилара.

Информациите за Инфомакс зборуваат дека во овој случај на шверц со дрога вмешани се и царински службеници и полицајци вработени ГП Север.

Неофицијално, пишува порталот, со акцијата раководи американската агенција за спречување на трогвија со дрога – ДЕА.

Неодамна во акција на ДЕА кај Росоман беа уапсени полициски началник и возач на семејството Заеви при што беа фатени 200 килограми марихуана.

Повече детали на линкот

Извор