Инфомакс: Досега невидена бројка полицајци ќе ја брани владата од вечерашните протести (ФОТО)

И покрај лошото време во скопско за вечерва се очекуваат илјадници граѓани да дојдат на Илинденска каде што ќе ги дочекаат огромен број полицајци.



До редакцијата на Инфомакс пристигнале информации дека досега невидена бројка на припадници на МВР вечерва е ангажирана пред Владата на Република Македонија поради големиот сенароден протест.

Полицијата вечерва очекува огромна бројка на граѓани кои пред Владата ќе го изразат својот револт од францускиот предлог кој беше прифатен од македонската Влада.

Неофицијално, порталот објавува дека за вечерва се ангажирани и полицајци од другите градови како и обични униформирани полицајци кои никогаш не биле ангажирани за време на протести.

Извор