„Инфомагазин.нет“: Ахмети и ДУИ коалицираат со ПРОРУСКАТА „Левица“ во Шутка! – Продолжуваме уште посилно…

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја опиша Левица како ПРОРУСКА партија, а само ден подоцна ДУИ стапи во коалиција со ПРОРУСКАТА партија на Апасиев: во Советот на општина Шуто Оризари е формирано ново советничко мнозинство на ДУИ, Левица, СДСМ и Елвис Бајрам.“ – објави „Инфомагазин.нет“, а пренесува „ин7“.

Инаку, на својот фејсбук – профил претседателот на огранокот на ДУИ Илјаз Лесковица поставил фотографија, на која е заедно со Тефик Махмут од „Левица“, кој беше и кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари од редовите на „Левица. На нивната заедничка фотографија Лесковица напишал: „Продолжуваме уште посилно…“.

„Ин7“ натаму пренесува: „Според неофицијални информации, сега во Советот на општина Шуто Оризари е завршена работата на мнозинството, судејќи според објавата на општествените мрежи на претседателот на огранокот на ДУИ Илјаз Лесковица: тоа е коалицијата меѓу ДУИ, ЛЕВИЦА, СДСМ и Елвис Бајрам.“

„Во моментов градоначалникот од редовите на ЛДП-ДОМ од последните избори има договор за соработка со Алијансата за Албанците, но ова мнозинство меѓу СДСМ-ДУИ и Левица, според информациите од општина Шуто Оризари, во моментов го блокирало буџетот за 2022 година. Ова е многу сериозен проблем за функционирањето на оваа општина во 2022 година, бидејќи во јануари нема да има плати за вработените и следствено на тоа ќе бидат блокирани сите проекти предвидени во општинскиот буџет за 2022 година.“

„Според општинските советници, оваа буџетска блокада од страна на Коалицијата СДСМ-ДУИ-ЛЕВИЦА е на штета на граѓаните, бидејќи ќе го одолжи решавањето многу актуелни проблеми.“