Инфлацијата забрзува, а ако продолжи темпото на раст и на забрзување на поскапувањата ни се заканува дополнителна економска криза, но и можни социјални немири. Ова го посочува економистот Здравко Савески, кој за Фактор потенцира дека неизбежни се мерки кои ќе го сузбијат растот на цените на производите.
Според професорот Марјан Петрески, од втората половина на година може да се очекува стабилизацијата на ценовните притисоци, а позначајно смирување на ценовните притисоци веќе од следната година.
Какви се реалните можности за сузбивање на ценовните притисоци и какви очекувања треба да имаат граѓаните за стабилизација на цените анализираат нашите соговорници.
– Последните бројки покажуваат дека инфлацијата збарзува. Пред два месеци на месечно ниво таа изнесуваше два отсто, потоа се зголеми на 2,2 проценти, а минатиот месец, или последниот месец за кој ДЗС објавува податоци достигнува 2,8 проценти на месечно ниво. Пред тоа трошоците на живот на месечно ниво растеa за 1,2 или 1,6 отсто… Ова упатува на заклучок оти инфлацијата забрзува. Сега веќе не е проблемот само фактот дека инфлацијата е висока, туку и фактот дека таа забрзува. Ова е спротивно на проекциите на Народна банка дека инфлацијата овој период ќе се намали. Напротив бројките покажуваат раст, и раст кој забрзува, па доколку власта не преземе мерки за да ја спречи инфлацијата, таа ќе продолжи да расте – вели Савески и посочува оти укинувањето на мерките за намалување на цените на основните прехрамбени продукти било во многу погрешен момент.
Линк до целиот текст.





