Инфлацијата паѓа, ама само на хартија, минималната кошничка расте – во август била близу 50.000 денари

Трошоците растат, сметките стануваат стануваат се повисоки, а на граѓаните во ек на криза не им е дојдено до ништо. За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му биле потребни 49 345 денари, покажуваат податоците од минималната синдикална кошничка што секој месец ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.



За да се ублажи ценовниот шок, од ССМ алармираат дека под итно ни треба зголемување на платите, зашто се живо е поскапено. Велат, државата да ги прифати забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните.

Споредено со јули годинава, кога минималната кошничка изнесуваше 48.620 денари, минатиот месец таа е зголемена за 725 денари и покрај падот падот на инфлацијата која во јули изнесува 8,3 отсто.

Зголемувањето на минималната кошничка за минатиот месец, додаваат од ССМ, е најголемо во ставката храна и пијалаци, односно 1,9 отсто.