Инфлацијата и струјата и догодина ќе бидат закана за индустријата

Стопанството тоне, а државата ја губи битката во привлекувањето странски инвестиции, алармира бизнис заедницата. Велат дека инфлацијата и цената на енергенсите се најсериозни ризици за работењето на компаниите во 2023. Бараат од државата нови финансиски мерки за ублажување на кризата, зашто скапата индустриска струја и еден куп проблеми остануваат сериозна пречка во работењето на компаниите. 



Инаку, на повеќе од половината странски компании (55 отсто) што работат во земјава, како дополнителни инфраструктурни услуги им требаат детски градинки за згрижување на децата на вработените, противпожарна заштита, итна медицинска помош, паркинзи за вработените, јавен превоз и магацини и продавници. Како три најприоритетни инфраструктурни прашања, дури 65 отсто од нив ги посочиле канализацијата и одводот на атмосферските води, пристапен пат и приклучок за вода.

– Топ пет прашања на кои државата треба да се фокусира во 2023 година е подобрување на инфраструктурата и навремено исполнување договорни или законски обврски, усогласување на правилата за оправдани инвестициски трошоци за државна помош и сметководствени правила според меѓународните стандарди – истакна Виктор Мизо, претседател на оваа Асоцијација.

Според анкетата, државата треба да се фокусира и на намалување на оперативните трошоци на ТИРЗ, усогласување на царинските увозни стапки со оние во ЕУ, како и олеснување на правилата и постапката за престој и работа на странските државјани.

– Дури 94 проценти од анкетираните компании се корисници на државна помош, а 55 проценти од нив во изминатите три години реализирале инвестиција со нов пакет, односно склучиле нов договор за државна помош. Дванаесет проценти од компаниите имале инвестиција во последните три години, но не побарале нов пакет за државна помош – додаде Мизо.

Инаку, на повеќе од половината странски компании (55 отсто) што работат во земјава, како дополнителни инфраструктурни услуги им требаат детски градинки за згрижување на децата на вработените, противпожарна заштита, итна медицинска помош, паркинзи за вработените, јавен превоз и магацини и продавници. Како три најприоритетни инфраструктурни прашања, дури 65 отсто од нив ги посочиле канализацијата и одводот на атмосферските води, пристапен пат и приклучок за вода.

– Во однос на првичниот план за производство, 30 отсто од компаниите го натфрлиле планот (од 7 до 20 отсто), 50 отсто имаат потфрлање на планот (од 2 до 50 отсто), а една петтина од компаниите произведувале според планираното. Како најголеми причини за падот на производството/извозот, тие ги навеле намалените нарачки од странство, недостатокот на суровини и транспортните пречки – посочи Мизо.