Светската здравствена организација соопшти дека мутант на коронавирусот што го предизвика силниот смртоносен бран на ковид-19 во Индија е пронајдена во десетици земји во светот.
Агенцијата за здравство при ООН соопшти дека варијантата Б.1.617 на ковид-19, која првпат беше откриена во Индија во октомври, е пронајдена во примероците доставени во „базата на податоци за отворен пристап ГИСАИД” од 44 земји во сите шест региони на СЗО.
Според Марија Ван Керхове, од техничкото водство на СЗО за Ковид-19, Аагенцијата ќе даде повеќе детали во својот неделен извештај за состојбата за пандемијата денеска, но додаде дека во прелиминарните студии е констатирано дека „мутантот“ се шири полесно од оригиналниот вирус и има некои докази дека може да избегне некои од заштитите обезбедени од вакцинит, јавуваат медиуми.






