Речиси 70 дена улиците на бугарските градови се преплавени од демонстранти кои се спротивставуваат на бруталноста на безбедносните сили, корупцијата на олигарсите и антидемократските постапки на лидерот на оваа источноевропска земја.
Бугарија е потресена од многу насилни антивладини протести, за кои странските медиуми речиси никогаш не известуваат, бидејќи целото светско внимание е насочено кон драмата што се одвива во замокот на Александар Лукашенко наречена Белорусија.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов е десен популист кој работи со крајната десница и е на власт скоро 10 години.
Бугарите велат дека се уморни од од овој човек и неговата партија ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија), која е дел од блокот на десниот центар во Европската унија и ги следи сите упатства на г-ѓа Меркел, се уморни од нив.
Борисов, зафатен со низа корупциски скандали, навести дека е подготвен да поднесе оставка, но најверојатно тоа е едноставно тактика дизајнирана да го разлади пламенот на демонстрантите револтирани од злоупотребите на неговата влада.
Преземено од БГНЕС





