Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги опиша злосторствата во украинскиот град Буча, каде руските сили се обвинети за убиство на стотици цивили, како „британска специјална операција“, без да наведе докази за тврдењето, пишува Индепендент..

Лукашенко денеска заедно со рускиот колега Владимир Путин, го посети космодромот „Восточни“ на далечниот исток на Русија.
Говорејќи на телевизиска прес-конференција по разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин, г-дин Лукашенко предложи руската Федерална служба за безбедност или ФСБ да обезбеди доказ за тврдењето.
„Ако ви требаат адреси, лозинки, броеви на автомобили, марки на автомобили, со кои пристигнале во Буча и како го направиле тоа, ФСБ на Руската Федерација може да ги обезбеди овие информации. Ако не, можеме да помогнеме во тоа“, изјавил Лукашенко.
Путин истакна дека е потребна посилна интеграција меѓу Белорусија и Русија и дека операцијата во Украина ќе продолжи сѐ додека не се исполнат сите цели. Тој исто така тврди дека обвинувањата за употреба на хемиско оружје во Украина се лажни како и оние за во Сирија.







