Индијци ќе молзат крави на фарма во Свети Николе

Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА потврдува дека  работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекара во Свети Николе.



Сопственикот на млекарата и фармата е задоволен од работниците од Индија. За нив има обезбедено сместување, храна, плата, здравствени прегледи, визи и тоа се едни од условите, за да овие работници дојдат и работат, во овој сектор.

„Пополека почнува да се примаат работници од странство, има нешто во земјоделието, кај нас на пример има дојдено во млечната индустрија од Индија, во градежништото веќе одамна има работници од Турција и далечниот Исток.

Така да мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, затоа што се појавуваат многу основани Агенции, кои сакаат со тоа да се занимаваат и да им биде тоа бизнис“, вели Димитров.