Британски „Индепендент„ жестоко  ја  нападна  одлуката на Алексис Ципрас да ја поддржи власта на Николас Мадуро во Венецуела.



„Што се случи со грчката традиција на солидарност во демократијата и човековите права? Зошто Грција, европска земја која живееше од 1967 до 1974 година под презрен, брутален, корумпиран режим, поддржан од десната воена хунта, испраќа порака за поддршка на непријателска, корумпирана, поддржана од војската  диктатура во Венецуела? “, се прашува Денис Мекејн, поранешен државен секретар за европски и латиноамерикански прашања во владата на Блер, задолжен за европски прашања во британскиот весник.

Мекен потсетува дека Хуан Гваидос, „храбриот нов претседател на Националното собрание на Венецуела“ го поканил грчкиот премиер Алексис Ципрас да замине за една недела во Венецуела за да се увери во очајот на народот кој е против Мадуро.

Ципрас, најверојатно, нема да го прифати предлогот  пишува Мекејн, додавајќи дека партијата на Гуаидо,„Популарен глас “ е дел од социјалистичкиот интернационала, чиј претседател е Јоргос Папандреу, пренесуваат грчки весници.