Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми употреби физичко насилство на седницата на оваа комисија во Собранието.
Адеми е снимен како во два наврати се обиде физички да се пресмета со пратениците на опозицијата.
,,Вака се однесува претседателот на КЕП!
Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со “каубоите” од власта!🤬”, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Левков кој го објави видеото од инцидентот
Арбен Адеми од ДУИ физички нападна пратеник , власта губи контрола насилие на КЕП#попуштаатнервите#паѓаат pic.twitter.com/Nu3bQdbTcx
— Пејачот (@pejacot) June 27, 2022






