Инцидент во Слупчане: Али Ахмети запрен на гроб на загинат член на УЧК (ВИДЕО)

На гробиштата во Слупчане каде се закопани членови на ОНА или УЧК кои загинаа во конфликтот во 2001 година денеска се случил инцидент во кој лидерот на ДУИ Али Ахмети не доби пристап до гроб на починат.



Таткото на членот на ОНА Али Махмути не му дозволил на Али Ахмети да положи цвеќе на гробот на неговиот син во Слупчане.

Порталот Лајм објавува видео од инцидентот во кој во моментот кога Ахмети сака да положи цвеќе таткото на покојниот член на УЧК му го препорачува патот и со раката покажува дека лидерот на ДУИ не може да положи цвеќе.

Во тој момент еден од присутните го смирува таткото кој го загубил својот син во 2001 година а сега е лут на Ахмети.

https://fb.watch/kh40XqYc5L/?mibextid=Nif5oz