Инцидент во европарламентот за Македонија, германски претставник побара да биде избркан бугарски радикал (ВИДЕО)

На состанок на Европскиот парламент се случи инцидент во врска Македонија по што германски претставник побара од селата да биде избркан бугарски радикал.



Екстремно десничарскиот бугарски европратеник Ангел Џамбазки денеска предизвика бес во Европскиот парламент, споредувајќи ги македонските парламентарци присутни во Стразбур со фашизам.

На говорот на омраза на Џамбаски реагираше германскиот европратеник Рајнхард Бутокофер кој се вознемири од обвинувањата на бугарскиот радикал и побара Џамбазки да биде исфрлен од средбата.

Бутокофер рече бугарскиот европратеник Џамбаски е проповедник на говор на омраза по што претседавачот со состанокот побара двајцата европратеници да запрат со кавгата.

Од страна на Европароламентот Џамбаски предходно беше казнет за неговиот настап на седница на законодавниот дом на ЕУ во кој во нацистички стил ја крена раката по урнекот на германските фашисти кои извикувале ,,Хајл Хитлер”.

Видеото од инцидентот

https://x.com/EUWatchBrussels/status/1727647916897010093?s=20