Инцидент со вицепремиерот за корупција и криминал (ВИДЕО)

Инцидент предизвикан од ветар на настан за промоција на проектот за градски пазар во Делчево каде од непознати причини учествуваше и вицепремиерот за корупција и криминал во владата Љупчо Николовски.



Додека зборуваше неговиот владин и партиски шеф еден од банерите со реклами падна врз главата на Николовски кој имаше среќа и не беше повреден.

Дали Николовски има сомнеж дека пазарот во Делчево е поврзан со некаков криминал или корупција и затоа тој заминал на настанот да изврши проверки засега нема информации од владата.