Пратеничките Гордана Силјановска Давкова и Велика Стојковска вечерва од страна на полицијата биле спречени да се придружат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ против неправдата и политичкиот реваншизам.
Силјановска Давкова и Стојковска биле спречени да го минат “Мостот на уметноста” кој води кон Јавното обвинителство и да продолжат кон протестот на опозицијата.
Иако пратеничките се повикале на уставното право на слобода на движење од припадниците на полицијата не им било воопшто одговорено која е законската основа за нивна блокада и зошто им се одзема уставното право на слободно движење.
“Во време на таканаречениот режим сите демонстранти имаа непречен пристап до зградата на јавното обвинителство а сега во наводната демократија дури и за народни избраничките не е дозволено да се приближат кон оваа институција”, коментираат очевидци на настанот.
Пратеничката проф. Силјановска за кршење на уставот од местото на инцидентот (ВИДЕО)






