Инцидент: Македонската контрола на летање одбила барање за слетување на авион од Швајцарија

Македонската контрола на летање пред два одбила барање за слетување на авион од Швајцарија, тврдат за expres.mk извори во државната агенција која го контролира сообраќајот на македонското небо.



Авионот летал на линијата Женева – Скопје а бил одбиен да слета на скопскиот аеродром Александар Велики откако македонската контрола на летање утврдило неправилности во документацијата на авионот.

Леталото е сопственост на компанијата Изи Џет која е втора светска нискобуџетна компанија според број на превезени патници.

Оваа компанија од неодамна отворила лет со патници од Женева за Скопје.

Неофицијално причината за одбивањето на леталото да слета на скопскиот аеродром е во регистрацијата која не била соодветна за летање надвор од земјите членки на Европската унија.

Патниците по одбивањето на леталото на скопскиот аеродром биле пренасочени на друга дестинација.