ИНА: Заев како Дедо Мраз дели пакети за партиите, а не му е гајле за маките на народот со африкански плати

„На прагот на празниците на крајот од оваа година премиерот Заев наликува на Дедо Мраз со бела брада. Ја наполнил целосно вреќата и сега дели пакети од власта за малите партии, чиј апетит се зголемил многу.“ – вели информативната агенција на албански јазик ИНА во својата редакциска статија „Заев како Дедо Мраз – дели пакети за малите партии“.

ИНА пишува: „За да ја спаси Владата, тој ја користи ‘Аладиновата ламба’ и како со волшебно стапче ги гаси апетитите на политичарите со болни амбиции.“
„Откако ја успокои Алтернатива удобно, тој сега треба да измисли нови министерства, за да ги усреќи и другите мали дечиња.“
„Заев е великодушен и дарежлив со парите на народот, но не размислува за грижит и маките на граѓаните, кои плаќаат за продукти и услуги со астрономски цени, како да е во Европа, додека земаат африкански плати“