ИНА: Во Италија уапсени 8 Албанци за трговија со дрога – парите ќе ги ‘переле’, купувајќи имоти во Албанија

„Италијанската полиција денес уапси 8 Албанци, кои се занимавале со трговија и растурање дрога во зоната на градот Парма. Италијанските медиуми известуваат дека Албанците живееле и работеле, главно меѓу градовите Фиденца и Салсомаѓоре.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во информацијата со наслов „Уапсени Албанци, кои контролирале пазар на дрога, вреден милиони евра“.

ИНА пишува: „Според извештаите, тие имале околу 500 клиенти, на кои им продавале кокаин. Од продажбите на дрогата се проценува дека заработувале околу еден милион евра годишно.“

„Италијанското обвинителство соопшти дека Албанците планирале големите суми на пари од трговијата со дрогата да ги ‘исперат“ преку купување недвижни имоти во Албанија.“