“Денес во Тетово жена од македонска етничка припадност го убила својот сопруг – Албанец, удирајќи го со чекан во главата.” – објави информативната агенција ИНА.
Повикувајќи се на информации од СВР Тетово, агенцијата пишува: “Од здобиените повреди мажот починал на самото место. Се дознава дека 38-годишната жена, родум од Прилеп, пријавувала постојано насилство, кое го вршел врз неа нејзиниот 48-годишен сопруг од Тетово. Последната тепачка била мотив за убиството, при што жената, и покрај повредите што и ги предизвикал сопругот, го удрила со чекан по глава, оставајќи го без знаци на живот!”
https://ina-online.net/ngjarje-e-rende-ne-tetove-gruaja-vret-burrin-e-saj/






