Инфлуенсерката позната како Ина Многуфина со доза на иронија реагира на веста според која македонскиот амбасадор во Токио Горан Цеков кој беше вратен поради сексуално вознемирување продолжува да работи во МНР каде што повторно може да биде во непосреден контакт со други жени.
Ина Многуфина прашува дали амбасадорот кој беше вратен ќе продолжи да зема плата од државата иако проредот в него се поднесени две поплаки од соработнички по што тој е експресно беше вратен дома.
,,Со амбасадорот што ни го вратија од Јапонија што се случи, стигна ли, си донесе ли се на негов трошок ко што пишуваа медиуми, добар ли е, му даваме ли уште плата од МНР, го мислам. Го мислам целиот тој процес кога гласно се бориме сите против насилство, пресови, трибини, изборни програми, сите тогаш остро осудуваат насилство и сметаат дека не треба да се толерира. Сега што ќе правиме”, прашува Ина Многуфина која не знае дали сега амбасадорот ќе биде оставен да работи во јавна администрација во земја која е против насилство на жени.
,,Ќе го стаиме да работи у некоја канцеларија со уште некоја жена или ќе потврдиме дека сме стварно против насилство? Или ќе одиме со опција дека е повлечен регуларно и во тоа ќе верува точно никој бидејќи регуларно повлекување за толку краток период до сега не сме сретнале ниту сме дознале за некој друг амбасадор кога си одел ако се било ок. Значи просто ми е прашањето, господинот ќе остане ли да го плаќаме од буџет додека збориме дека мобинг и насилство не толерираме”, прашува реторички Ина Многуфина користејќи го хаштазите #СтопЗаНасилствоВрзЖени и #stopviolenceagainstwomen.
Амбасадорот Горан Цеков пред дваесетина доби 5 дена за да ја напушти Јапонија.
Повеќе детали
Дали јапонскиот император го протерал македонскиот амбасадор во Токио?






