Борецот против насилство врз жени и инфлуенсерката позната како Ина Многуфина е вџашена од признанието на член на Антикорупциската комисија кој открива дека цели 48 месеци обвинителството не почнало ниту една истрага по претставка од ДКСК.
Мистериозната Ина Многуфина чиј идентитет не е јавно познат за многу луѓе, се чуди зошто антикорупционерите земаат плата а немаат никаков резултат.
,,Член на антикорупциска вика дека за овие 4 години не е процесуиран ниеден нивни предмет за корупција, непотизам и конфликт на интереси. Па не знам за што ве плаќаме 4 години, да спремите документи и да дигате рамења дека ете други се криви, ние еве све изработивме? Ако не сте способни да се изборите со сите алатки против корупција, што ви е основна дејност, не ви е срам плата шо зимате? Имате медиуми, имате новинари, имате секаква поддршка од народ за борба против корупција. Нз како не ви е срам да објавите дека не ви е процесуиран ниеден предмет 4 години”, пишува Ина Многуфина.
ДКСК, претседателката Билјана Ивановска и членовите на комисијата досега не направиле ниту еден сериозен јавен притисок врз правосудството за процесирање на нивните предмети но затоа весели и среќни се сликаа со државниот врв на неодамнешната прослава на комисијата.
Постот на Ина Многуфина на овој ЛИНК
Причината за реакцијата






