ИНА: „Фрлете го албанското знаме во ѓубре – ги претставува неверниците“

„Имамот Абу Румаиса од џамијата во Брауншвајг, во Германија, ги советува Албанците да го фрлат нивното национално албанско знаме во ѓубре, оти тоа ги претставува неверниците, немуслиманите и оние што се против исламот.“ – објави информативната агенција на албански јазик во својата информација под наслов „Арапски имам во Германија го мрази албанското знаме: ‘Фрлете го во корпа со ѓубре“.

ИНА пишува: „Еден имам со име Абу Румаиса, кој служи во џамијата во градот Брауншвајг во Германија, во текот на своето предавање ги повикал Албанците, кои често доаѓаат во оваа џамија, да го ‘фрлат албанското знаме во корпа со ѓубре’. Некој човек го прашал дали може да задржи опрема со албанско знаме, која му ја подарил еден Албанец.“

Агенцијата го цитира одговорот: „Фрли го во смет’ – му одговорил веднаш имамот Абу Румаиса, дополнувајќи дека ова знаме ги претставува неверниците, немуслиманите и оние што се против исламот.“

„Не се знае како дошол до ваквиот заклучок овој имам.“ – вели ИНА во својата информација, која е проследена и со видео.

Извор: https://ina-online.net/imami-arab-ne-gjermani-e-urren-flamurin-shqiptar-hidheni-ne-koshin-e-plehrave-video/